Отказ за советникот на Чулев кој пцуеше и се обиде да нападне командир во Тетово

by fokus 17:32
17:32

Министерството за внатрешни работи му даде отказ на Зоран Ѓорѓиевски кој беше вработен како советник во Кабинетот на министерот, а на позицијата беше поставен во периодот на техничката влада, кога на чело на МВР беше Наќе Чулев.

Ѓорѓиевски доби отказ по спроведената дисциплинска постапка против него откако на денот на предвремените парламентарни избори, во јули беше снимен како  го пцуе се и се обидува физички да го нападне командирот од Тетово, Зоран Талев.

- Advertising -

Дисциплинската комисија утврдила дека на 17 јули на денот на изборите Ѓорѓиевски  отишол на местото каде се вршел увид на сообраќајна незгода, каде што се наоѓале командирот Талев и уште двајца полициски службеници, и на дрзок начин со навреди и пцовки се нафрлил Талев и се обидел физички да го нападне. Против него е поднесена и кривична пријава до Обвинителството.

-Државниот советник насилнички се однесувал кон командирот З.Т.. и со таквото однесување го нарушил угледот на командирот З.Т. и угледот на Министерството за внатрешни работи, постапувајќи спротивно на Упатството за начинот на однесување и меѓусебните односи помеѓу полициските службеници.  Во врска со настанот било постапено од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, за што бил изготвен извештај од 20.07.2020, согласно кој е поднесена и кривична пријава до Основното јавно обвинителство за ГОКК., велат од МВР.

 

Поврзани новости