893
Некогашниот ракометен репрезентативец, Борко Ристовски го анализираше првиот пораз на македонската ракометна репрезентација на Европското првенство. Тој ги извлече позитивните работи од поразот и верува дека подобрите резултати ќе дојдат во наредните мечеви.
– И покрај поразот, ме радува фактот што и натаму не краси борбениот дух кој е симбол за нас и во минатото. Штета е што не го искористивме налетот на првиот натпревар на голем настан што секогаш е одлика за нас. Ме радува што Томовски го започна првенството на вакво високо ниво и треба да се извлечат позитивните работи од поразот.