Уапсени малолетници од Арачиново

by Fokus

Двајца малолетници од Арачиново во текот на вчерашниот ден се приведени непосредно откако извршиле две тешки кражби во продажен објект, велат од МВР.

„Малолетниците се фатени вчера попладне во 17:30 часот и кај нив се пронајдени одземените предмети. Двајцата се доведени во полициската станица Гази Баба и во присуство на родители извршен е разговор со нив. Одземените предмети се вратени, а во координација со јавен обвинител за малолетници, по комплетирање на материјалот, ќе биде поднесена соодветна пријава“, додаваат од МВР.

Поврзани новости