Димитров се закани: Ми падна паричето, мислете му ја

by fokus

Вицепремиерот за евроинтеграции во заминување, Никола Димитров вечерва на својата Фејсбук страница сподели дека му паднало паричето за Василица.

-Ми падна паричето! Мислете му ја, напиша Димитров споделувајќи фотографија од василичарската погача.

Тој вчера ја одржа својата последна прес конференција како вицепремиер и упати жестоки критики кон Владата. Рече дека тој не се повлекол, туку го смениле бидејќи имал различни ставови за преговорите со Бугарија. Откри и дека нема доверба во министерот за надворешни работи, Бујар Османи во однос на преговорите, бидејќи има чувство дека тој сака решение по секоја цена.

Поврзани новости