641
Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска на нејзиниот Фејсбук профил, објави фотографија oд целиот тим на Специјалното јавно обвинителство.
Фотографијата најверојатно е направена по денешната прес-конференција во новите канцеларии на СЈО.
Инаку, денеска-на денот на првата годишнина од формирањето, Специјалното јавно обвинителство ги поднесе првите две обвиненија. Првиот обвинителен предлог се однесува на уништување докази прибрани со незаконско прислушување, а вториот за вандализмот со нападот на Општина Центар.