Единствена Македонија: Вранишковски божем бега, а властите божем го гонат

by fokus

Од партијата Единствена Македонија велат дека полициските сили го спречиле владиката Јован Вранишковски, да ја напушти државата, откако претходно му издале патна исправа. Според членот на Извршниот комитет Злате Војноски, власта наметнува игра во која Вранишковки наводно бега, а властите божем го гонат.

„Ова му овозоможува на Вранишковски и понатаму слободно да го спроведува своето субверзивно дејствување врз Македонската православна црква која е еден од темелите на државноста и вековен чувар на идентитетот на македонскот народ и македонската држава и главен столб на македонското опстојување.  Дотолку повеќе, во случајов не се работи за било кој, туку за еден расколник, отпадник и шпион на соседна разузнавачка служба кој работи на разнебитување на македонската нација и црква. Пред два дена слушнавме дека битолската полиција му ја одзела патната исправа на Вранишковски при обид за излез од државата на граничниот премин „Меџитлија“ поради постоење на осудителни пресуди. Меѓутоа, внимавајте добро, претходно, токму битолската полиција му издава на Вранишковски патна исправа под број 1904171 Што е поинтересно, покрај издадената патна исправа, битолската полиција дури и го наоружува Вранишковски со тоа шо му издава и одобрение за пиштол марка берета 9 мм. Според Законот, кога постојат кривични постапки и пресуди патна исправа не се издава, туку напротив, се одзема, а за одборување на пиштол и не се помислува а камоли да се издава оти при криивчно-правен прогон во никој случај не може да се поседува оружје“, изјави Војноски.

Тој го повика министерот во МВР, Спасовски, да и објасни на јавноста како битолската полиција му издава на Вранишковски патна исправа и пиштол во време кога против него постојат кривични постапки и осудителни пресуди, иако во таков случај согласно законските прописи патна исправа и пиштол не се издаваат, туку се одземаат.

Поврзани новости