Почина битолчанец во судир меѓу трактор и шлепер

by fokus

52-годишен битолчанец со иницијали Б.Т. почина вчера кога на патот Битола – Демир Хисар се судриле трактор и шлепер марка „Сканија“.

„На 14.07.2018 година во 10,10 часот на патот Битола – Демир Хисар, после село Лисолај се случила сообраќајна незгода помеѓу земјоделска машина трактор „Интернационал“ со битолски регистрски ознаки управуван од Б.П.(39) од село Доленци и товарно моторно возило „Сканија“ исто така со битолски ознаки управувано од П.И.(43) од Демир Хисар. Во незгодата на местото на настанот починал Б.Т.(52) од Битола, сопатник кој се превезувал на приколката од тракторот. Извршен е увид на местото на настанот“, велат од МВР.

Поврзани новости