Зоран Заев и неговите политики на внатрешен и надворешен план се целосно поразени. Во земјата владее беззаконите, корупција и криминал, во името на евро-атланските политики и за некаков идеен проект на ЕУ го избриша името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ, а овие политики на европските избори доживеаја дебакл, велат од „Единствена Македонија“.
„Единствена Македонија ги разбира причините за очајничкот обид на марионетата Заев да ја замајува јавноста со т.н. „метла“, но, очигледно не му е доволна да ги прикрие неговите промаршени политики и секојдневни афери.
Зоран Заев сега влегува во опасна авантура за дневно-политички цели и интереси.
Единствена Македонија дојде до информации дека снимките кои се пуштаат во јавноста потекнуваат од Заев кој преку соработници на Службата за државна безбедност ги пушта по потреба во определно време и точно определена цел. Се започна пред повеќе од месец дена кога беа пуштени снимки од еден од најелитните соработници на службата со преку 30-годишна кодошка кариера и основоположник на урбаната мафија во Македонија, а кој полицијата божем го приведува и го гони за да продолжи оваа удбашка дешавка деновиве со нови ликови.
Објавуваните снимки од „Никола Тесла“, „Илија Громовник“, „Ел Чека“… се најпервидна конструкција и направија на Службата за државна безбедност со знаење на Зоран Заев. Излегува на виделина дека марионетата Заев своевремено задржал примерок од фајловите со нелегално прислушуваните разговори кои ги предаде на Специјалното обвинителство.
Новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа ветува дека ќе даде одговор на овие прашања како врвна должност спрема македонската јавност“, додаваат од „Единствена Македонија“.