(ВИДЕО) Маж се самозапали пред Белата куќа

by fokus

Маж се самозапали во паркот „Елипс“ во Вашингтон, што се наоѓа во близина на Белата куќа.

Како што објавија американските безбедносни служби на Твитер, инцидентот се случил во време кога претседателот на САД, Доналд Трамп се наоѓал во една од административните згради.

Мажот се полеал со бензин и се запалил на тревата пред Споменикот на Вашингтон, што се наоѓа помеѓу Белата куќа и Капитол.

https://www.youtube.com/watch?v=jA5UMNxLQgM

На инцидентот веднаш реагирале припадници на безбедносните служби и полицајци, кои го изгаснале огнот и му пружиле прва помош на мажот, кој потоа бил пренесен в болница, каде подоцна им подлегнал на здобиените повреди.

Мажот е идентификуван како Арнав Гупта од градот Бетесда во американската сојузна држава Мериленд. Причините и мотивите за ваквата негова постапка не се познати.

Поврзани новости