Зоран Заев продолжува со бесрамите лаги како Македонија веќе да е членка на НАТО со неговото пропагандно сликање во Брисел пред мапата на НАТО, со покажување на редниот број на Македонија во НАТО, па столчето за Македонија во НАТО, па големата благостојба од членството во НАТО, и слични глупости од пропаганден карактер, велат од партијата „Единствена Македонија“ на Јанко Бачев.
„Единствена Македонија ја разбира желбата на марионетската власт во Скопје за членство на Македонија во НАТО, бидејќи само така ќе го заштитат големото богатство стекнато на криминален начин и со грабеж на народот и како контролирани и купени од странските газди свесни се дека НАТО не го интересира нивниот грабеж, туку бара само да бидат негови марионети. Марионетската власт во Скопје во изминатите 365 дена распродава се што е македонско, меѓутоа, Македонија ниту ќе стане членка на НАТО, ниту ќе се промени името. Единствена Македонија ќе расчисти со националните предавници согласно законите кои ќе произлезат од новиот македонски устав“, велат од партијата.