447
Директорот на центарот за јавно здравје Куманово Ариф Љатифи, денеска соопшти дека од 12 -те новозаразени од подрачјето кое го покрива Центарот, 11 лица се од општина Липково.
Овие лица се поврзуваат со веќе познати кластери, соопшти директорот на јавната здравствена установа. Едното лице кое е заразено е од Куманово и е утврдено во рамки на скринингот што се врши по фудбалски клубови.
Тој информира и дека починатите од коронавирус на 73 и 66 години се жители на Липково од селата Слупчане и Никуштак.
Љатифи уште еднаш апелираше граѓаните доследно да ги почитуваат мерките за заштита на сопственото и здравјето на најблиските.