Во Штип ќе бидат затворени пет конфекции и ќе се тестираат 600 луѓе, истакна Филипче

by Fokus

Министерот за здравство Венко Филипче истакна дека и покрај големиот број на заразени, нема пациенти кои се јавуваат во болниците, односно повеќето се со полесна клиничка слика, додека дел се пациенти без симптоми.

„Здравствениот систем и со овој бран добро ќе се справи. Околу 70 проценти во Скопје се од веќе познати кластери, посебно во Чаир и Сарај. Во Сарај е спласната состојбата и денеска интензивно се работи во Чаир и Студеничани. Беше донесена одлука во Штип да се затворат пет конфекции и ќе бидат тестирани 600 луѓе. Согласно, сите овие анализи нема неконтролирано ширење на вирусот. Се разговараше и дополнително воведување рестриктивни мерки, но едногласно беше дека ќе се почека во следните денови. Правиме интензивен скрининг – вели Филипче.

Тој додава дека еден од главните проблеми е слабата соработка со граѓаните, кои не сакаат да се тестираат.

Поврзани новости