387
Во текот на вчерашниот ден два нови напади се случија во Германија. Во првиот, Сириец со мачета беснеел во покраината Баден Виртенберг, при што убил една бремена жена, а ранил две лица.
Сириецот, инаку барател на азил во Германија, бил запрен кога во него еден очевидец удрил со својот автомобил, по што полицијата го уапсила.
Неколку часа подоцна, 27-годишен Сириец се разнел со бомба на музички фестивал во Баварија. При нападот нема загинати, а повредени биле 12 лица. Министерот на баварската полиција рече дека Сириецот кому не му било одобрено барање за азил стигнал во Германија пред две години, и веќе два пати се обидел да изврши самоубиство.