985
За осум новорегистрирани пациенти позитивни на Ковид-19 во Неготино и четири во Кавадарци, денес известува Центар за јавно здравје Кавадарци.
Починат е пациент од Кавадарци на возраст од 71 година, кој бил хоспитализиран.
Позитивно е дете од Кавадарци на возраст од пет години, а 14 деца од неговата група во градинка, како и три од вработените се во изолација.
Позитивните во Неготино се на возраст од 24 до 57 години, а во Кавадарци од пет до 61 година.
Се апелира на максимално почитување на мерките за заштита од вирусот, кој изминатиот период зема замав во Тиквешијата и се поголем е бројот на оние на кои им е потребна хоспитализација.
Вики Клинчарова