Караџовски: Имам автомобил стар 18 години и двособен стан, а не хациенда!

by fokus

Претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски, на денешната прес конференција одговори на обвинувањата од опозицијата но и дел од медиумите, упатени на адреса на  членовите на Комисијата за зразни болести.

-Јас сум член на Комисијата од 1994 година, во континуитет 26 години. Без разлика која партија била на власт, внатре членувале исклучиво професионалци од областа. Бевме обвинувани дека земаме грдни пари, или дека се продаваме за ситни пари, и дека сме мафијаши. Јас и мојата фамилија никогаш не сме, ниту ќе бидеме мафијаши или корумпирани, особено не се продаваме за ситни пари, кои некои ни ги натурува. Ако некој од нас бара оставка треба да аргументира зошто ја бара. Ако ни донесат нови членови ние ќе ги примаме, истакна Караџовски.

Тој уште еднаш додаде дека нема да дозволи никој да си игра со членовите на комисијата и нивните фамилии.

-Во комисијата се професионалци со над 30 години искуство. Кажаа дека имам баслословни пари. Имам автомобил стар 18 години и имам двособен стан, а не хациенда како што се пишуваше, истакна Караџовски.

Поврзани новости