Шестоосомничениот во случајот „Пуч“, вработен во МВР, денеска доби тригодишна затворска казна, откако се спогоди со Јавното обвинителство. Основниот суд во Скопје ја верификувал спогодбата.
– По поднесување на Предлог спогодба од страна на Основното јавно обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција до Кривичниот суд, судија на претходна постапка со пресуда ја верификува спогодбата со која на лицето З.К., вработено во МВР, за кривичните дела шпионажа и неовластено прислушување, соопштуваат од Основниот суд Скопје 1.
Првоосмничен во случајот „Пуч“ е поранешниот разузнaвач Зоран Верушевски, кому денеска му беше продолжен притворот за нови 30 дена. Осомничени се и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, како и сопругата на Верушевски. Сите се товарат за делата шпионажа и насилство кон највисоките државни органи.