Еден куп сообраќајни прекршоци за само пет часа вчера во Скопје

by fokus

За само пет часа, возачите од Скопје направиле многу сообраќајни прекршоци во акциската контрола на подрачјето на главниот град, пренесува МВР.

„Во периодот од 14 до 19 часот вчера, одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје спроведе зајакната акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје. При контролата, 82 возачи ја пречекориле брзината во населено место. Откриени се и 28 останати прекршоци за кои се издадени 15 мандатни платни налози и 13 прекршочни платни налози“, велат од МВР.

Поврзани новости