Малите бизниси во Република Северна Македонија ќе бидат во можност да ја подобрат нивната конкурентност благодарение на пласирање на наменската програма на ЕБОР-ЕУ во земјата. Новата иницијатива комбинира кредитни линии, грантови за компаниите учесници и техничка помош. Промоцијата на програмата во Северна Македонија следи по претставувањето на истата во Косово, минатиот месец.
Во Република Северна Македонија, ЕБОР доделува €30 милиони на локалните банки кои понатаму ќе пласираат кредити на комерцијалните корисници. До сега во оваа програма се вклучени Шпаркасе Банка Македонија, Охридска банка СГ и Комерцијална банка. Средствата ќе бидат проследени со пакет на техничка помош и стимулативни грантови, во износ од €4.5 милиони, од ЕУ националниот Инструмент за пред-пристапна помош (Instrument for pre-Accession Assistance-IPA).
МСП ќе можат да ги користат фондовите за подобрување на нивните производни капацитети и да ги зајакнат процесите и квалитетот на производите преку воведување на ЕУ стандарди за заштита на човековата околина, безбедно производство, квалитет и слично.
Малите бизниси се основа на националната економија и тие вработуваат 80% од работо-способното население. И покрај нивното економско значење, малите бизниси продолжуваат да се соочуваат со пречките во нивниот развој, често пати со тешок пристап до финансирање и советодавни услуги.
Анка Јоана Јонеску, Претставник на ЕБОР за Северна Македонија ијзави: ,,Ни претставува задоволство што Програмата за поддршка на конкурентност на МСП е достапна за МСП во Северна Македонија. Подобриот пристап до финансирање и советодавни услуги ќе им овозможи на бизнисите да го подобрат нивното работење и конкурентност.”
Јанмат Фрик, Раководител на проекти, ЕУ Северна Македонија изјави:,, Потребно е да има диверзификација на пристапот до финансии преку комбинација на традиционално банкарско кредитирање, стимул и трансфер на советодавни услуги, за да се дојде до целосниот предприемачки потенцијал на земјата. Крајниот резултат ќе донесе поконкурентни МСП со поголем број на вработувања и поголеми можности за раст на биснисите.”
Кочо Анѓушев, Заменик Премиер на Република Северна Македонија задолжен за економски работи и координација на економските сектори, истакна: ,,Преку овој проект значително се подобрува пристапот до финансиски средства за малите и средни претпријатија и се овозможуваат нови, свежи средства за развој и нови инвестиции на компаниите. На располагање се €30 милиони евра и €4.5 милиони грант, што претставува атрактивна финансиска инјекција, моделирана за потребите на МСП – приближно 15 % грант за секој кредит. Ова е фактички директната помош и придобивка од интеграциите во ЕУ и НАТО.”
До денес ЕБОР има инвестирано над €1.87 милијарди во 117 проекти во Република Северна Македонија, фокусирајќи се на поддршката на интеграцијата на земјата во регионалните и глобалните пазари, преку инвестиции и пропратните активности на Банката, особено интензивирајќи ја соработката со клучните партнери-Европската Унија и Европската Инвестициона Банка.