505
Дирекцијата за заштита и спасување од Тетово апелира до граѓаните на зафатениот регион да го намалат движењето, особено со моторни возила освен ако тоа не е неопходно, за да се овозможи несметано движење на механизацијата која работи на терен, откако се излеа реката Пена.
Според Извештајот на Дирекцијата, во вечерните часови подрачјето на Тетово е зафатено од големо невреме. Поројниот дожд и силниот ветер предизвикале застој во сообраќајот во дел од овој регион. Излеана е реката Пена, а забележани се повеќе одрони и свлечишта.
Екипи на Дирекцијата за заштита и спасување се излезени на терен, а во моментот се ангажирани 8 градежни машини кои помагаат во расчистување на теренот од надојдената вода.