Дете загина во невремето во Голема Речица

by Фокус

Невремето кое попладнево ја зафати Македонија ја зема првата жртва. Како што неофицијално се дознава, станува збор за дете од селото Голема Речица во Тетово. Детето се удавило од надојдените води на Речишка река и со видливи повреди на главата било исфрлено од реката.

Според Извештајот на Дирекцијата за заштита и спасување од Тетово, во овој регион освен што се излеала реката Пена, имало и повеќе одрони и свлечишта. Екипи на Дирекцијата се излезени на терен, а во моментот се ангажирани  8 градежни машини кои помагаат во расчистување на теренот од надојдената вода.

Најкритично е во Мала и Голема Речица, Доброште и Шипковица.

Поврзани новости