Движењето за реформи ДПА вечерва на Централно претседателство одлучи да биде дел од новата влада на мандатарот Заев.
– Движењето за реформи на ДПА имаше централно претседателство на кое одлучивме да бидеме дел од владата, а не само да и дадеме поддршка. Како АА имаме две ресорни министерства. Нам како ДР-ДПА ни следува едно министерство и тоа ќе биде за здравство, со кое ќе раководи Арбен Таравари. Второто, за локална самоуправа ќе го добијат НДП, кои ќе треба да информираат за името – рече вечерва на прес конференција во Тетово, Зијадин Села.
Како движење на ДПА им следува едно министерско место, а како Алијанса за Албанците имаат две ресорни министерства од кои другото е за локална самоуправа.
Села додаде дека ДР-ДПА не размислува за учество во владата само преку министрите, туку дека ќе бидат за длабоки и вистински реформи за да се врати надежта во општеството за сите граѓани.