Програмата и предлогот за состав на Владата на Заев е поднесена до Собранието

by Fokus 00:18
00:18

Програмата и предлогот за состав на Владата на Зоран Заев е поднесена до Собранието на Република Мaкедoнијa, објави Љупчо Николовски на својот фејсбук профил.

Според деловникот, седницата за избор на нов владин кабинет и програма може да трае 48 часа.

- Advertisements -

Лидерот на СДСМ, Заев од Централниот одбор доби зелено светло за министрите во новиот владин кабинет, чии имиња официјално вечерва беа обелоденети.

Во одбрана и во МВР ќе седнат најдоверливите луѓе на Заев, Радмила Шеќеринска и Оливер Спасовки. Во МНР, Никола Димитров, во финансии Драган Тевдовски, во транспорт и врски Горан Сугарески.
Место на Илинденска ќе има и за Љупчо Николовски и за Дамјан Манчевски, во земјоделство и во информатичко општество и админситрација. Мила Царовска ќе седне во труд и социјална политика, додека пак Роберт Алаџозоски во култура.

Поврзани новости