Движење за одбрана на РМ: Ја браниме Македонија од сите, а најмногу од Заев

by Фокус

„Граѓанското движење за одбрана на Македонија“ денеска беше во Струмица каде бараа од граѓаните да им се придржат на нивната иницијатива. Тие велат дека во моментов нема дестабилизација на Македонија, затоа што не се дозволува, но тоа не значи дека и во иднина ќе биде така.

Лекарката Ели Карчева од Струмица, која го поддржува новоформиранато движење, на прашање на НОВА од кого ја бранат државата и кој ја загрозува во моментот, вели, од секој еден кој може да и наштети.

„Од секој кој е насочен свесно или несвесно од нашите сограѓани, може некој да е и од позицијата, а да работи некои работи што не му чинат, а може да е и од опозицијата. Меѓутоа, актуелни сега се оние работи кои ги спроведува опозицискиот лидер Зоран Заев, дека има сознанија од странски служби“, вели Карчева.

Во Струмица требаше да биде присутна и професорката Виолета Ачовска, но не дојде зошто, како што истакнаа, останала во друга општина.

Поврзани новости