Наставнички пленум: Ние сме 30.000 наставници и го имаме најголемото оружје

by Фокус

„Наш г-не Неделков, на вас не ви останува ништо друго сега, освен да ги очекуваат нашите забелешки, прашања, сугестии, мислења, ставови, текстови, во нивата архива и порачајте им да се наоружаат со луѓе зашто ние сме 30.000 наставници кое го имаме најголемото оружје – умот, зборот, аргументот, праксата. Нека одлучат дали сакаат така да ги спротивставиме аргументите или на маса на која ќе го видат писмово, во отсуство на вашиот сиромашен збор. Нека одлучат дали ќе ве слушаат вас или ќе видат низ вас 30.000 наставници кои го носат основното и средното образование на свои плеќи.“

Ова е дел од отвореното писмо кое Наставничкиот пленум го испрати до претседателот на СОНК, Јаким Неделков и до Министреството за образование. Наставниците му порачуваат на Неделков дека тој не е не е свесен, а ни дораснат за местото кое го има во општеството. Според нив,  лидерот има доволно знаење со кое ќе ги победи оние кои не знаат, но во случајов нивното знаење е посилно од неговото незнаење.

Наставничкиот пленум се обрати и до Министерството за обрзование и надлежните и им порача да не го гледаат Неделков кога ќе преговараат, туку низ него да погледнат во армија наставници кои ќе најдат начин да се изборат за враќање на образование кое промовира демократија, достоинство и квалитет.

Писмото завршува со предупредување: или ќе ги видат пропустите во образовниот систем или ќе ги видат сите наставници во Министерство за образование.

Поврзани новости