Двеста мигранти симнати од воз од Велес

by Фокус

Полицијата во Велес, од возот кој синоќа сообраќал на релација Гевгелија – Скопје, на железничката станица во Велес симнала околу 200 мигранти, претежно Сиријци.

Мигрантите биле главно млади луѓе од 18-30 години, а меѓу нив имало и неколку девојки.
Полицијата која го обезбедува возот, со поддршка на велешката полиција ги симнала мигрантите на станицата во Велес и покрај нивното противење и обиди да се качат повторно во возот.

Мигрантите ќе бидат препратени до Регионалниот центар „Југ“ од Кавадарци кој е надлежен за обезбедување на јужната граница.

 

Поврзани новости