Заев од денеска ќе продолжи со објавувањето на „бомбите“

by Фокус

СДСМ од денеска ќе  продолжи да објавува нови „бомби“, односно лидерот Зоран Заев најави дека пресконференциите со злоупотреби на власта нема да прекинат за време на преговорите кои треба да продолжат в среда во Брисел, туку ќе бидат внимателно димензионирани и селектирани за да не го загрозат преговарачкиот прцес.

– Ќе вниимаваме на сензитивноста на објавените аудиоматеријали. Нема да може да бидеме обвинети дека го загрозуваме преговарачкиот процес, а тоа и не го сакаме. Мора да продолжиме со обелоденување на вистината за злоупотребите што ги вршела власта. Ќе чуеме разговори од кои ќе стане јасно како се вршеле манипулации и местенки во разни невладини организациии, граѓански здруженија, како се местеле први луѓе и што се правело во Фудбалската федерација на Македонија, на ректорати на универзитетите и факултетите и слично. Сите материјали се подготвени, и ќе повикаме луѓе од невладиниот сектор на кои ќе им поделиме папки со нивни нелегално прислушувани разговори – вели Заев во интервју за Кирилица.

Според неговото кажување, најчувствителните „бомби“ како таа за случајот „Монструм“, нема да бидат објавени во текот на преговорите, ниту пак пред најавениот протест на 13 јуни, што го организира движењето „Беса“. Тој, додава, не се откажува од нивното објавување, но вели дека тоа не смее да го загрози она највредното што се постигна во кампањата „Вистината за Македонија“, а тоа е досега невидената меѓуетничка сплотеност на граѓаните, што се виде и на протестот на 17 мај.

Поврзани новости