Двегодишно бебе, најмлада жртва на поплавите во Скопје

by Fokus

Од МВР соопштија дека досега се откриени тела на 21 жртва на поплавите во скопско. Најмлад загинат е двегодишниот Енес Мустафа од Ченто, а покрај него во поплавите загинал и негов близок роднина на возраст од 67 години. Најмногу жртви се од населбата Ченто, има двајца загинати од Крива Паланка и по еден мртов од Куманово и од Тетово. Една жртва засега не е идентификувана:

Еве ја листата на загинатите која ја објави Телма:

  • Бајрам Мустафа (роден 1949 г.) и Енес Мустафа (роден 2014 г.), Ченто, дедо и внук
  • Катерина Митрова (родена 1933 г.) Ченто
  • Славка Илиќ (родена 1956 г.) и Томислав Илиќ (роден 1950 г.) Ченто-Економија, маж и сопруга
  • Ѓилмез Мухареми (родена 1940 г.) Ченто
  • Мурат Саити (роден 1957 г.) Ченто
  • Марина Велиновска (родена 1977 г.) и Јован Велиновски, Крива Паланка
  • Земрије Синани (родена 1985 г.) Ченто
  • Наде Илиевска (родена 1955 г.) Стајковци
  • Блага Јовевска (родена 1941 г.) Смилковци
  • Фуркан Фејзулаху (роден 1987 г.) Ченто
  • Мирко Митковски (роден 1949 г.) и Сашо Митковски (роден 1971 г.) Црешево
  • Ќазим Исени (роден 1933 г.) Ченто
  • Љубица Димчевска (родена 1935 г.) Црешево
  • Убавка Јовевска (родена 1965 г.) Стајковци
  • Жаклина Божиновска (родена 1973 г.) Куманово
  • Достана Димитриевска (родена 1974 г.) Тетово

Поврзани новости