Две патнички возила и еден автобус превезувале патници без соодветна документација

by Fokus

Полициски службеници на ГП Табановце констатирале непочитување на законите кај две патнички возила и еден автобус кои вршеле меѓународен превоз на патници, соопшти МВР.

При контрола на автобус со кумановски регистарски ознаки, управуван од М.М.(51) од с.Матејче, липковско, патничко возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Р.Н.(53) од с.Василево, струмичко и патничко возило – комби „фиат“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Ф.Ј.(24) од с.Градец, виничко, било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација.

Државниот инспекторат за транспорт изрече соодветни санкции за возачите и правните лица.

Поврзани новости