Две непознати лица фрлиле молотов коктел кон автомобил што бил носен на вештачење во МВР

by Fokus

Две непознати лица фрлиле молотов коктел кон автомобил што бил носен на вештачење во МВР, информираа од таму.

Според полицијата, вчера 14,35 часот пријавено е дека на булеварот „Александар Македонски“ додека со шлеп служба се превезувало патничко моторно возило „Пасат“ со словачки национални ознаки на вештачење кон Министерството за внатрешни работи, во еден момент, две непознати лица кои биле на мотор фрлиле молотов коктел кон возилото, по што го напуштиле местото на настанот. Возилото е делумно оштетено. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости