Славеле роденден на другарка, а после го пречекале на автобуска постојка и го натепале

by Fokus

Шеснаестгодишно момче било нападнато од три лица со кои претходно биле заедно на роденден кај другарка, информираа од МВР.

Според полицијата, синоќа по полноќ Л.Н.(39) во Секторот за внатрешни работи Скопје пријавила дека истиот ден околу 00,30 часот во автобус на ЈСП бр.57 кој се обраќал на релација од Бит Пазар кон населбата Бутел кога пристигнал на автобуската постојка нејзиниот 16 годишен син бил физички нападнат од страна на три лица со кои претходно заедно биле на роденден кај нивна другарка во кафуле во Центар.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости