856
Две наставнички се заболени со коронавирус, а 15 првачиња од основното училиште „Гоце Делчев“ од скопската населба Центар од денеска се во 14-дневна изолација.
Оваа информација засега ја потврдуваат само од училиштето, од каде што додаваат дека наставата за сите други дечиња се одвива онлајн. На наставничките им се прави уште еден контролен тест.
Родители од училиштето, неофицијално, зборуваат дека едната наставничка имала син заболен од вирусот по што и таа се заразила.