409
22-годишно момче и малолетник на возраст од 17 години признаа дека ги извршиле тешките кражби во православни цркви на териториајта на Тетово, Копанце, Радиовце и Подбреѓе.
Од МВР соопштуваат дека 22-годишниот Џ.М. и малолетникот во разговор со полицијата ги признале делата дека во текот на месецот извршиле шест тешки кражби.
„Тие ги извршиле кражбите со насилно отворање на влезните врати или со кршење на прозорците, по што од каси, маси за продажба на свеќи или од икони одзеле парични средства во вкупен износ од над 6.000 денари, а причиниле и поголема материјлна штета“, велат од МВР.
По целосно документирање на случаите, додаваат од таму, против нив ќе виде поднесен соодветен поднесок.