Независни Грци: Државата во Скопје ќе треба да прифати и промена во личните карти

by fokus

Коалицискиот партнер во грчката влада, Независни Грци, чиј лидер е министерот за одбрана Панос Каменос, не отстапува од позицијата против име за нашата земја во кое би бил вклучен терминот Македонија. Цврстиот став на партијата уште еднаш го повтори портпаролката на Независни Грци, Мадалена Пападопулу во интервју за грчкото радио „Реал фм“.

– Не можеме да прифатиме име што ќе го вклучува терминот Македонија или изведени зборови. Државата на Скопје ќе треба да прифати еден комплетен договор, односно промена на Уставот, промена во личните карти, едно име за сите. Во секој случај, ние, Независни Грци не можеме да отстапиме од основните прашања и нашите цврсти позиции. За нас, јадрото на иредентизмот на соседната држава, се наоѓа во името, вели Пападопулу.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, во однос на сценариото евентуалниот договор во грчкиот парламент да треба да биде изгласан со зголемено мнозинство од 180 пратеници, портпаролката на Независни Грци вели дека тие нема да отстапат од нивната позиција и велат „не“ за употреба на терминот Македонија или изведените зборови.

Поврзани новости