Најмалку две лица загинаа во Ротердам во Холандија, во престрелка, соопштија претставници на полицијата на прес-конференција.
Според извештаите на локалните медиуми, маж отворил оган во стан, а потоа и во медицински центар во Ротердам, во два часот попладне по локално време. Засега не се знае колку лица се повредени.
Полицијата соопшти дека станува збор за студент на Медицинскиот центар на Универзитетот Еразмус, кој има 32 години. Според официјалните информации, убиени се 39-годишна жена и 42-годишен предавач на Универзитетот Еразмус. Тешко е повредена и ќерката на жртвата, која има 14 години.
Полицијата претходно изјави дека осомничениот за нападот најверојатно дошол со мотор, облечен во воена облека, со ранец, слушалки и пиштол. На видеата може да се види и како полицијата им порачува на студентите да го напуштат местото на пукањето. Се уште не е познат мотивот за нападот.
Фото: ЕПА