919
Во Ковид Центарот во кавадаречката болница хоспитализирани се 56 пациенти, а слободни се четири кревети, информираат од болницата. Исто така, известуваат дека двајца пациенти починале во изминатите 24 часа.
Станува збор за 74-годишен маж од Велес, кој живеел во Неготино, и за 83-годишна жена од Росоман, која имала сериозни коморбидитети.
Според вчерашните податоци од МЗ, во Кавадарци се активни 637 случаи, а во Неготино 371. Од почетокот на пандемијата 2.515 лица од Тиквешко се инфицираа со корона вирус.
Вики Клинчарова