Две групи се степале во кафе-бар во Велес, се гаѓале со камења

by fokus

Во кафе-бар во Велес, на ул.„А. Демниевски“, ноќеска во еден часот по полноќ настанала тепачка меѓу три лица од општина Чашка и три лица од Велес.

По физичката пресметка првата група лица се повлекле и го напуштиле кафе-барот, но почнале да фрлаат камења по останатите тројца. Со телесни повреди се здобиле С.М, Д.М и В.С на кои им е укажана лекарска помош во ЈЗУ „Велес“.

Учесниците во настанот се приведени во полициска станица и се работи на расчистување на случајот.

Поврзани новости