Две девојки на 23 и 24 години починаа од корона вирус, едната немала други заболувања

by fokus

Во последните 24 часа од корона вирус починаа и две девојки на 23 и 24 години. Од Министерството за здравство велат дека едната девојка имала хронични заболувања, додека другата претходно немала здравствени проблеми.

-Пациентката била позитивна на ковид – 19 и една недела се лекувала во домашни услови со антибиотик, по препорака на матичен лекар. Поради проблеми со дишењето пацинетката се јавила во болница и е хоспитализирана во еден од ковид центрите од интернистичкиот клинички блок. Поради влошување на состојбата, пациентката во многу тешка состојба е префрлена на КИБФС, каде е продолжено е со интензивно лекување. Пациентката не одговарала позитивно на терапијата и за цело време и се влошувала состојбата, велат од Министерството за здравство.

Поврзани новости