Две девојчиња сексуално злоставувани од двајца мажи и малолетно момче

by Fokus

Против двајца мажи на возраст од 56 и 68 години и едно малолетно момче е покрената истражна постапка за сексуален напад на две десетгодишни девојчиња. Станува збор за три засебни инциденти во кои овие две девојчиња биле жртви.

Првиот случај е силување кое во неколку наврати го сторил 56-годишен маж врз едно од девојчињата. Тој се познавал со нејзиното семејство и ги искористил приликите кога родителите не биле во близина. Ја силувал во нејзиниот и во неговиот дом.

Другите два инциденти се случиле во близина на училиштето во кое учеле.

Во вториот случај осомничен е 68 годишен маж, а нападнати биле двете девојчиња.

„Вториот осомничен, во текот на пролетта 2022 година, додека продавал прехранбени производи во близина на основно училиште, искористил момент кога две девојчиња родени 2009 година дошле кај него за да купат храна и од својот мобилен телефон им прикажувал снимки со порнографска содржина. Жртвите тој ги допирал и ги наведувал да вршат полови дејствија пред него“, велат од обвинителство.

Во третиот инцидент осомничен е малолетник роден во 2005 година. Жртва било друго од двете девојчиња.

„Тој се обидел да изврши полов однос со употреба на сила врз девојче. Жртвата го удрила за да се одбрани, по што тој започнал да ја влече и да ја носи зад училишната зграда. Оштетената давала отпор цело време и барала помош. Тој ја соборил со сила на земја и започнал да ја допира, но престанал бидејќи се приближиле други деца“, велат од обвинителство.

Обвинителот бара притвор за сите тројца осомничени поради опасност да се дадат во бегство, да влијаат врз сведоците или жртвата, или да го повторат делото.

Поврзани новости