Две децении од загинувањето на резервистите кај Карпалак

by Fokus

Денеска делегации од градот, на семејствата, на преживеани и од локалната самоуправа заминаа на месноста Карпалак да им оддадат почит на загинатите.

Тие ќе ги посетат вечните почивалишта на загинатите на градските и на гробиштата во населените места. Од 10 часот во црквата „Света Петка“ во прилепската населба Точила ќе се одржи панихида за загинатите, а напладне, од 12 часот е централното чествување пред споменикот „Карпалак“ во центарот на Прилеп.

Цвеќе ќе положи и делегација на Собранието на Македонија, составена од пратениците Бисера Костадиновска-Стојчевска и Петар Ристески. А, на месноста Карпалак цвеќе ќе положат пратениците Марија Георгиевска и Александар Велјановски.

Поврзани новости