Две деца убиени во напад пред училиште во Шангај

by fokus

Дваесет и девет годишен маж со нож нападнал три момчиња и една жена во близина на училиште во Шангај, при што две деца се убиени, соопшти локалната полиција.

Безбедносните служби преку кинеската социјална мрежа Сина Веибо објавија дека е извршен напад, во кој две деца починале в болница. Во истата порака се наведува и дека животите на жената и момчето кои го преживеале нападот не се во опасност.

Засега не се познати причините за нападот, но се претпоставува дека напаѓачот има психички проблеми.

Поврзани новости