15-годишници се излизгаа со мопед, момчето се бори за живот

by fokus

Двајца 15-годишници синоќа околу 23.40 часот се излизгале со мопед на улицата „Јужноморавски бригади“, при што момчето се здобило со тешки телесни повреди, а неговата сопатничка е во добра состојба, се здобила со телсни повреди и пуштена е на домашно лекување, информираат од полицијата.

Како што соопштуваат од МВР по несреќата повредените биле пренесени со Итна медицинска помош во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ каде од страна на лекар на малолетникот му биле констатирани тешки телесни повреди (животно загрозувачки) и бил задржан на понатамошно лекување.

Несреќата се случила откако 15-годишникот од Скопје управувајќи го мопедот марка „Лонгија“  со скопски регистерски таблици изгубил контрола над мопедот, се излизгал со мопедот надвор од коловозот и паднал на тротоар. Од МВР додаваат дека извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.

 

Поврзани новости