Две деца со западнонилска треска хоспитализирани на Детската Клиника

by Фокус 01:14
01:14

Две деца од Скопје се хоспитализирани на  Клиниката за детски болести со западнонилска треска. Тригодишно дете и 18-месечно бебе пред пет дена биле примени на Клиниката во тешка здравствена состојба, каснати од комарец, иако се уште не се знае изворот од каде добиле убод од заразениот комарец.

Според информации, по неколкудневен престој на децата на Клиниката, нивната состојба се подобрила. Тие имале тешки и некарактеристични симптоми кои го напаѓале нервниот систем. Вирусот бил и лабораториски потврден во Институтот за јавно здравје.Оваа болест не се пренесува од човек на човек, туку преку заразени комарци.

- Advertising -

Здравствените власти, исто така, тврдеа дека во август било хоспитализирано седумгодишно девојче, кое вирусот го добило од инфициран комарец, додека било на одмор во Грција. Изминатите години во земјава беа регистрирани и неколку смртни случаи, поради компликации предизвикани од западнонилската треска.

 

Поврзани новости