Две деца на возраст од четири години биле најмладите патници во автобусот!

by fokus

Листа со имиња на 45 лица, за кои се тврди дека се жртвите во автобуската несреќа, се објави во одредени медиуми во земјава.

Според објавата, станува збор претежно за млади лица. Најмладите патници се две дечиња на возраст од четири години, кои имаат исто презиме, а пак највозрасната патничка е родена во 1950 година.

Според Борислав Сарафов, заменик на главниот обвинител на Бугарија, ќе се прави ДНК анализа за да се утврди идентитетот на загинатите.

Листата со имињата на лицата за кои се тврди дека се загинатите во трагедијата веќе се споделува на социјалните мрежи.

Роднини на патниците кои се превезувале во автобусот чекаат информации пред седиштето на туристичката агенција ,,Беса Транс” во Скопје.

Вики Клинчарова

Поврзани новости