Двајцата параглајдеристи што вчера загинаа кај Крушево се судриле во воздух

by Fokus

Педесет и шестгодшниот И.В. од Украина и педесет и четиригодишниот И.П. од Велика Британија се двајцата параглајдеристи кои вчера ги загубија животите во несреќа што се случи во Крушево.

Според полицијата, до трагедијата дошло вчера во 12,30 часот кај Мечкин камен, кога двајца параглајдеристи се судриле веднаш по полетувањето. Украинецот И.В. починал на самото место, додека Британецот со тешки телесни повреди бил пренесен во Здравствениот дом во Прилеп, каде подоцна починал.

Од Јавен обвинител е наредена обдукција.

Поврзани новости