Повредена 16-годишна девојка при удар на автомобил во електричен столб

by Fokus

Шеснесетгодишна девојка била повредена при удар на возило во електричен столб, информираа од МВР.

Според информациите од полицијата, вчера околу 12,00 часот во село Ропотово, прилепско, С.А.(45) од село Секирци управувајќи патничко моторно возило “Лада Самара” со прилепски регистарски ознаки изгубил контрола над возилото и удрил во електричен столб. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила 16 годишна сопатничка исто така од село Секирци. По укажана лекарска помош во Општа болница Прилеп повредената е пренесена во Комплекс клиники “Мајка Тереза” во Скопје.

Извршен е увид на местото на настанот.

Поврзани новости