503
Затвореник со тешки повреди бил донесен во болницата во Куманово, откако физички се пресметал со друг затвореник во кумановскиот затвор.
„Во Полициска станица Куманово, вчера во 22:40 часот вработен во КПУ Затвор „К’шање” во Куманово пријавил дека дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу двајца затвореници, С. С. (30) од с.Ропаљце – Липково и М. М. (25) од Куманово, пo што С. С. бил пренесен во Општата болница Куманово, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. За настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.