Двајца Срби се тешко повредени во сообраќајка

by Fokus

Двајца српски државјани се тешко повредени откако со возило излетале од автопатот Куманово – Скопје. Случајот е пријавен вчера, околу 03:35 часот во СВР Куманово, информираа од МВР.

Според полицијата, несреќата се случила во атарот на село Романовце, а се работи за М.Д. (27) кој  управувал со патничкото возило „фолксваген туарег“ со српски национални ознаки, како и за неговиот сопатник Е.Ч. (23).

М.Д. изгубил контрола и излетал од патот, а тешки телесни повреди кај двајцата се констатирани во Општата болница Куманово.

Увид на местото извршила екипа на СВР Куманово.

Поврзани новости