429
Двајцата рудари од Македонија, кои загинале синоќа во рудникот „Леце“ кај Медвеѓа, се Зоран Петковски (48) од Крива Паланка и Тони Нанев (50) од Пробиштип, објави „Канал 77“.
Според првичните информации несреќата се случила околу 23 часот и 30 минути по минирањето кога најверојатно, според лекарите, двајцата рудари се задушиле од отровните гасови во јамата.
Веднаш на лице место пристигнала медицинска екипа, но и покрај напорите на лекарите не било можно да се вратат виталните функции кај двајцата несреќни рудари, кои не давале знаци на живот. Лекарите само ја констатирале смртта.