450
Нашата партија и коалиција има апсолутно единство за гласањето за уставните измени, рече премиерот Димитар Ковачевски, откако беше прашан дали е случајно што беше отсутен токму пратеникот Диме Велковски кој не гласаше ниту за заклучоците од францускиот предлог, а за дневниот ред не гласаше ниту Илија Николовски од Партијата на пензионерте.
-Илија Николовски претседател на партијата на пензионерите имаше проблем со притискање на копчето на системот за гласање, па дневниот ред беше изгласан со 70 гласови. Инаку тој постојано беше со коалицијата. Пратеникот Велковски не беше присутен, а неговото отсуство беше најавено, што не значи дека нема да биде присутен на наредните седници – рече Ковачевски.