Двајца повредени во сообраќајка со возило на МВР

by fokus

Вчера во 12.55 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улицата 11-ти Октомври, се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „мерцедес“ со скопски таблици сопственост на такси компанија, а управувано од Ш.С.(59) од с.Љуботен-скопско и возило „фиат линеа“ со скопски таблици сопственост на МВР, а управувано од З.К.(40) од с.Мирковци-скопско.

Возачот на возилото „фиат линеа“ З.К. и сопатничката од истото возило С.Р.(27) од Скопје биле пренесени во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, од каде по укажаната лекарска помош биле пуштени на домашно лекување.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје, а известен е и Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди.

Поврзани новости